ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XVIII, 941-960

Потребно време за читање: < 1 минута

941. Не ти требам, а не можеш сам!

942. Жив си, но никаде те нема!

943. Се разбира дека јас сум најмногу виновен за сè што ми се случи и ми се случува. Така ви е полесно?

944. За големи пресврти се потребни темелни, неретко тајни подготовки.

945. Помага оној што разбира и може да помогне.

946. Мудриот промислува долго молчешкум.

947. Во беда и сиромаштија човечко достоинство пред сè.

948. Најлесно со оној кому му е сеедно.

949. Како книжевник не сум бил, ниту сум во некој книжевен круг. Надвор сум од сите зашто ниеден не ми треба.

950. Состојбите во државата се катаклизмички. Сè поблизу до тотален колапс.

951. Како е можна соработка со корумпирана власт во борба против корупција?!

952. Не сум меѓу живи, но сè уште не меѓу мртви!

953. Подобро незабележано одење во неврат, кога нема зошто да се бележи.

954. Со ум и разум доблесно пред сила.

955. Кога нема со кого, тогаш со никого.

956. Она што долгорочно им го прави на Македонците велепредавничко-мафијашката власт на ДУИ и СДСМ, со сестрана поддршка од страна на ЕУ и САД, не може да се именува поинаку, освен како наци-фашистички геноцид!

957. Со апашишта и дибеци на власт да немаш ништо. За да останеш при ум.

958. Како што те надвладуваат со мрачнинава, скоро нема ден да те раздени.

959. -Како здравјето?
-Добро е, уште сум на нозе.

960. Да, моето мислечко и книжевно творештво е големо, може со непроценлива вредност. Но овде, во оваа квазидржава не вреди ништо.