1. Зошто не дозволувам објава на дело од моето грандиозно творештво во книжна/хартиена форма?
Односот спрема мене како личност и моето творештво од страна на „одлучувачките фактори“ во литературата, културата и пошироко отсекогаш бил омаловажувачки и негаторски, што се одразува на мојот досегашен и сегашен статус. Нема причина зошто да го менуваат. Нека им остане таков.
А создавам интензивно и објавувам на Интернет (буквално секојдневно), без никаква сатисфакција-материјална или каква било друга добивка, зашто просто морам! Тоа е внатрешен порив-нескротлива творечка енергија или некој ѓавол во мене.