АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА II

Потребно време за читање: < 1 минута

913. Откога сум самостоен во животот, се борам за слободен, самобитен и независен живот. Сам и со помош од блиски и далечни, пријатели и познајници; споделувајќи грижи, сомнежи, надежи и перспективи.
Се борам за вреден живот. Тоа значи за живот со вредности, а против маргиналности и ништожности; личен и достоинствен, а против омаловажување, обезличување и обессилување; чесен и човечен.
Самосвесен и единствен.

Leave the first comment