921. Јас правам што можам и колку можам. А ти?
922. Да ве сакам сите?! И вас што секакви зла сте ми сториле, ниту престанувате за мене нови да смислувате? Просто невозможно!
923. Стар бел дедо им се обраќа на Бугарите:
Бугари, прифаќате вашите партии да ве бележат во светот како наци-фашисти, окупатори и асимилатори?!
924. Мислам, значи мислам.
925. Молчиш зборувајќи сам со себе.
926. Со велепредавничко-мафијашка власт и држава и народ во бездна.
927. Одговорен политичар е одговорен за последиците од секоја изречена и недоречена мисла.
928. Ни со едни ни со други, особено кога нема трети.
929. Самосвесност-Самобитност-Самосвојност-Неависност.
930. Егзистенцијално:
Нема ништо, а има сè.
931. Обичен, а единствен!
932. Стар бел дедо:
Матни води во матни времиња на луѓе поматени во умот.
933. Доволно е да се сомневаш за отпосле да не се разочараш.
934. Да ти објасни стар бел дедо, а ти научи:
Синтагмата „контроверзна личност“ најнапред се однесува на личност за која може да се каже дека има и позитивни и негативни карактеристики, а кои се сами по себе противречни.
Иван (Ванчо) Михајлов самиот, со своите дејанија и ставови се докажал не како личност (истакнат, заслужен, виден деец и/или творец), туку како човеколико говедо, наци-фашистички пробугарски идиот и дебилен убиец!
935. Посакувам пак да сме заедно како некогаш. Живи и здрави.
936. Кога водечки и одговорни бугарски политичари и политиканти не би биле до толку со поматен ум, не би дозволиле некои македонски пробугарски изроди да отвораат каде било културни бугарски клубови со имиња на наци-фашисти и дебилни убијци или на ликови (не личности) кои немаат апсолутно никаква врска со бугарската култура.
937. Кога некој северномакедонски политичар од позицијата или опозицијата го викаат на Калето во Скопје (американска амбасада), се фали и ѕвони на сите ѕвона. Или не смее да гугне зашто се подготвува „нешто големо“.
938. -Жива е?
-Не знам, Ние не постоиме еден за друг.
939. Ништо не се случува зашто ништо не те засега.
940. Ти заминуваш, а по тебе ништо живо твое не останува.