Станислав Јержи Лец – голем сатиричен афористичар и поет, со мошне високи книжевни вредности. Неговиот писателски профил го афирмира како врвен интелектуалец, а сатиричноста како длабок мислител, неретко на највисоко филозофско ниво.
Потенцирањето на сатиричноста едновремено значи своевидно потиснување на хуморноста во неговите афоризми, а што, од друга страна, значи остра-жестока критика на постојната општествена, политичка, ментална, духовна и секаква друга состојба, на сегашниот живот и неговата перспектива.
Станислав Јержи Лец(1909-1966) е полски поет и афористичар од еврејско благородничко потекло. Често се спомнува помеѓу најголемите писатели на повоена Полска, како еден од највлијателните афористичари на 20. век.
Како илјадници европски ителектуалци, и тој проживеал тежок, суров живот.
На почетокот од војната бил заробен во германски концентрационен логор, каде што останал до јули 1943. Бегајќи облечен во германска униформа, успеал да стасаво Варшава, каде што и се приклучил на боречката илегала. По војната продолжил да пишува. Кратко време бил ангажиран во културното аташе на полската амбасада во Виена.
По несогласувањата со комунистичката власт на Полска, Лец пребегнува во Израел со својата сопруга, синот и ќерката, но по две години се враќа во Полска. Полските власти го казнуваат со забрана да објавува свои дела. Тоа му е одново дозволено во доцните 1950-ти.
Се здобил со огромна популарност.
И покрај неговите антикомунистички и антитоталитаристички афоризми, кои официјалната власт мошне тешко ги „голтала“, тааму организирала државен погреб во Варшава на највисоко ниво.
Главни дела на Станислав Јержи Лец:
Barwy (Бои), песни 1933,Spacer cynika (Прошетка на циникот), сатири и епиграми 1946, Notatnik polowy (Теренски бележник), песни 1946, Życie jest fraszką (Животот е најнов), сатири и епиграми 1948, Nowe wiersze (Нови песни), поезија1950, Rękopis jerozolimski (Ерусалимски ракопис)1956, Unkempt Thoughts (Myśli nieuczesane) (Развлечени мисли- Груба мисла)1957, Z tysiąca i jednej fraszki (Со илјада и една ситница) 1959, Kpię i pytam o drogę (Кпие и прашувам за правецот) 1959, Do Abla i Kaina (За Авел и Каин)1961, List gonczy (Потерница) 1963, More Unkempt Thoughts (Myśli nieuczesane nowe) (Повеќе развлечени мисли-Груба нова мисла) 1964, Poema gotowe do skoku (Поема подготвена за скок)1964, Fraszkobranie 1966.
Во продолжение нудам поголем избор на сатирични афоризми на Станислав Јери Лец:
- Пијаните од победа тонат во алкохолизам.
- Биди алтруист- почитувај го егоизмот на другите.
- Не е едноставно да се живее по смртта. Понекогаш на тоа треба да се потроши целиот живот.
- Кој има послушен јазик, тој често молчи.
- На оние што молчат невозможно е да им се одземе зборот.
- Не им укажувај чест на оние што ти ја зеле.
- Човекот е спореден производ на љубовта.
- Ретки се моментите кога човекот е рамен на себе си.
- Се треба да му се посвети на човекот- само не други луѓе.
- Се е во рацете на човекот. Затоа мора често да ги мие.
- Љубовта спрема татковината не знае за туѓи граници.
- Атеистите ги плаши дури и духот на времето.
- Секогаш се плашам од оние кои бараат власт над душите. Што ли прават со телата?
- Во пеколот ѓаволот е позитивна личност.
- Човекот кој е гениј, а тоа не го знае, веројатно и не е.