Излегов конечно
на нова виделина
од дамнешна мрачнина
во која
не препознавав луѓе
во која
не се препознавав
меѓу луѓе
и во која како да бев
невидлив
без трага на каква-годе
зрачност.
Нова виделина за мене
засега
се надевам додека сам
не се откријам
како преживеан по сон
меѓу сеништа
и мразна празнотија
на разурнат свет.
Засега сум спокоен
зашто излегов конечно
на нова виделина
за мене засега.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 67




