Се случува наеднаш
наврапито
како да е нужна
неминовна обврзна
како да е
животна пресвртница.
Промена е не затоа што
се случило невреме
кое никој не го предвидел
па мојот живот
трнал по свои патишта
на кои не им го гледаам
ниту им го замислувам
крајот
туку дека веќе не сум свој
во свој простор со време
не сум личен
а сум сè помалу доблесен
сосе смисла на наумот.
Во препевов на певов
и повевов
за мене е клучно
дали променава ме води
кон ново продолжение
или кон почеток на мој
конечен крај.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 65





