НАРОДНА МУДРОСТ

ПАРИ

Не се може без пари, но тешко тешко је ем мачно кога је сè за пари.

Македонски народни пословици и изреки

Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори.

Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии.

Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.

Од женцки пари браќа се делиле и се истепале.

Пословици и изреки од народи во светот

Парите не го праат човекот среќен, но го прават помалку несреќен. (Англиска)

Кога на пријател ќе му позајмиш сто долари, а тој повеќе никогаш нема да се појави, знај дека е тоа добро вложен труд. (Англиска)

Нема подобар пратеник од парите. (Арапска)

Кога пес има пари, му се обраќаат со „Господине“. (Арапска)

Златото не говори, но многу твори. (Украинска)

Кога некој човек ќе ти здодее, позајми му пари. (Украинска)

Немаш ли грош, секогаш си лош. (Бугарска)

Сè се може со пари; ако не може со пари, тогаш може со повеќе пари. (Српска)

Кога некому ќе му позајмиш пари, или ќе ги изгубиш парите или пријателот. (Српска)

Кој околу вратот полна кеса има, не може да се најде на бесилка. (Руска)

Парите и Бог се родени браќа; ако имаш пари и Бога ќе го задобиеш. (Бенгалска)

Ако ти должам сто долари, тоа е мој проблем; ако ти должам сто илјади долари, тоа е твој проблем. (Американска)

За пари и Бог може да се купи. (Корејска)

Латинска изрека

Ретки се оние на кои чесноста им е помила од парите.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.