Се појави огнено сонце
во рани зори
и разбуди сè што беше
уште живо
по ноќно невреме.
Никого не изненади
зашто одамна се знае
зашто одамна знае
секој сешто и ништо
дека ниедна пустелија
не заживува дури
во нејзината утроба
не сочува бар капка
вода изворска
за откако ќе престане
да се појавува сонцето
огнено пустошно.
Надежна е будноста
на сè што е уште живо
по ноќно невреме
да почне одново
од рани зори да грее
за снага за устрем
за нови доблести.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 20




