Кетеринг компанија во Шкотска добила упатство на 45 страници за правење сендвич за полицајци!
–Полицијата во Единбург ѝ доставила на кетеринг компанија упатство од 10.000 зборови на 45 страници за правење совршен сендвич за ланч-пакет за полицајци.
Лебот мора да биде багет со должина од 28 сантиметри, а полицајците би требало да избираат помеѓу бел (75%) и црн леб (25%). Понудени се 17 одобрени „елементи“, меѓу кои се сирењето бри и брусница, чаден лосос и крем сирење, ракчиња и мајонез и др.
Со сендвичот треба на секој полицаец да му се достави кесичка квалитетен чипс кој не смее да содржи помалку од 34,5 грама, како и минерална вода од еден од изворите во Шкотска.
Не е познато дали фирмата која им излегла во пресрет на овие барања се „омрсила“ со 70.000 фунти, но морала да направи 7.500 сендвичи во согласност со деталното упатство.
Една анкета спроведена меѓу полицајците во Шкотска покажала дека, кога се во прашање условите за работа, најголемиот број од нив се жали токму на храната на работа.






