Лошо

Внатрешни содржини

Било лошо штом е лошо
некогаш како сега некаде
без мене што сум бил
некој
или допрва ќе бидам
како секој што отишол
за веќе никогаш
да не биде
ни мртов како жив.

Лошо си пишале луѓе
во своите книги
за времиња меѓу
постанок и опстанок
имено дека ќе постојат
постојано
сè дури ветришта
пустински
сосе жега пустинска
не им ги соголат коските
за да мораат
да ги закопаат длабоко
без трага во песокот
заедно со врвовите
на ридиштата
сè до угаснати ѕвезди
и крвава месечина
дамна невидливи.

Лошо е лошо е
за рожбите
со кои скоро ќе завладее
нов нежив свет.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 18

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.