Е дека било

Внатрешни содржини

Состојба ненадминлива
што била зашто била
за да биде најдолго
што може меѓу нас
и што може во нас.

Може да се прикаже
со зборови кои молчат
да се изговорат пред
па да се говорат после
дури постои непречено
тивкост која обзема
дамнешна љубов.

За неа е дека било
па нема причина
да продолжи да се таи
да не му се прикажува
на свет кој одамна
е заробен во пајажина
на некаква неизвесност.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 17

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.