Глупирање на вљубените

Потребно време за читање: 2 минути

Вљубеноста е прекрасно чувство, но неретко предизвикува да се чуствуваме лошо и да се однесуваме чудно.

Некои психолози и социолози се „досетиле“, па ги „изнаредиле“, искоментирале и оцениле најчестите глупави нешта што ги правиме кога сме вљубени.

Појавување на места за кои мислиме дека ќе ја сретнеме симпатијата

„Чао, од каде ти?“
Ќе се правиме дека не сме можеле ни да сонуваме оти ќе се сретнеме баш на тоа место.

Читање на нејзиниот/неговиот хороскоп
Хороскопот е глупост дури и кога го читаме својот; но ако го читате хороскопот на својата симпатија, тогаш длабоко сте заглибиле.

Гуглање на името на симпатијата до изнемоштеност
Интересирањето за друго лице е здраво. Меѓутоа, истражувањето на неговото минато без негово знаење е малку премногу.

Барање на неговото семејство на Фејсбук
Сите знаеме дека ќе поминувате часови на Фејсбук и ќе ги гледате семејството и поранешните љубови на својата симпатија. Но ако барате фотографија на неговата/нејзината мајка, прашувајќи се како таа ќе изгледа на вашата венчавка, направете чекор назад и длабоко воздивнете.

Ги комбинирате презимињата
Ако вашата симпатија не ни знае дека постоите, а вие веќе ги комбинирате вашите презимиња, или ако сте девојка и вежбате потпишување на неговото презиме, сте отишле малку предалеку.

Се согласувате со се што вели
Дали сте слушнале дека спротивносите се привлекуваат? Кога двајца луѓе се допаѓаат еден на друг, тие ретко кога се согласуваат околу нешто. Не се преправајте дека ви се допаѓа се што излегува од неговата/нејзината уста, туку бидете искрени.

Вежбајте потенцијална конверзација
Социјализирањето е тешко и сите понекогаш застануваме пред огледало и вежбаме некои разговори. Но одвивањето на цела „конверзација“ пред огледало, до која можеби никогаш нема да дојде, баш и не е здраво. Животот и онака не се одвива спред план и програма.

Целосно го игнорирате
Ако, кога објектот на вашата страст ќе се доближи, се однесувате како да не го познавате или како да го мразите, а сакате вашиот „однос“ да го кренете на повисоко ниво, порано или подоцна ќе морате да воспоставите комуникацја со него.

Leave the first comment