Лузни

Јанѕи од јава во јазол

На грамадна стена
што сопрела налет  
на ветар леден жежок
на ветар безогледен
лузни лузни лузни.

Лузни големи и мали
лузни длабоки
на по векови
затворени живи рани
лузни безвремени.

Минувај внимателно
крај неа
следејќи го сонцето
да не оживееш
лузни големи и мали
лузни длабоки
во некоја нејзина
онемена сенка.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 60

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.