Љубов пред смрт

Јанѕи од јава во јазол

Љубов пред смрт

Таа му иде во точно време
цела ноќ до утро
а не знае кога таа ќе дојде
ќе го впие во себе
неговиот последен
најдлабок воздив.

Веќе е несомнено дека
обете ќе бидат докрај
покрај него во спокој
иако веќе не ги гледа
ниту ги слуша
ниту ги препознава
меѓу луѓе насобрани
да немеат
околу неговиот замин
во беспатје.

Од неодамна знае дека
смртта ќе влезе во него
кога ќе угасне
последниот зрак
во мислата за траењето
и опстанокот на светот
ослободен од нужности
без можности.

Љубовта му иде
за да биде само негова
конечно.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 59

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.