Меѓу дамнешна и сегашна
сушина
гол на жешко сонце
до снеможеност
до разболување
до гаснење.
Сушина почетна и крајна
што не се шири
ни само од себе ни во себе
со последно жешко сонце
пред мрачина.
Меѓу води непрегледни
он гол
во единствена сушина
што била секогаш
за секакви времиња
уште откога не била
ни почетна ни крајна
во срце студенина.
Сушина сè до иста смрт
на семе и корен неволни.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 14





