4. Чинии
Пред тебе
големи и мали
празни чинии
за предјадење
и главно јадење
а ти наситен.
Си дошол дома
по долго
патешествие
а домот празен.
А тишина смртна.
5. Чешле
Он не може без
своето чешле
каде и да е
затоа што нема
влакно на глава.
Чешлето му има
само три забци
и три полузабци.
Вели дека сега
со него
си ја чешла
густата брада.
Никому
не му го дава
да се зачешла.
6. Метла
Стои метла зад врата
од многу одамна
како да е заборавена.
Уште откога домаќинот
на домаќинката ѝ купи
правосмукалка.
Нека стои.
Ќе ѝ притреба некогаш
за метење.
СЕКИДНЕВИЕ, Потребности, припеви





