322-540

Народски изреки VIII

322. Не бива сам и без лујѓе.

323. Неранимајковци расипаа и растурија сè до шо се допреа.

324. Пријател не стој многу време на праго на твојта куќа да му отвориш. Али влегуа али си го продолжуа пато.

325. Никој никому не му чува лична тајна. Прашајње је дали некој можи да дочува заедничка.

326. Научи се првин да стануаш по паѓање оти живото је падни-стани.

327. Не надеај се оти ќе си го најдиш пато во беспатје.

328. Лажи шо ќе лажиш, само да нема мака од твојто лажејње.

329. Студо во коски не је од студни ветрој, ами од студна самост.

330. Исто је силна ем длабока љубовта на млади и стари години.

331. Арен збор срце смируа.

332. Се бори за власт ко за живот!

333. Тркалото на времето се врти дур` не се испокрши во камењар.

334. Варди се од оној шо многу истрпел, многу трпи и многу ќути.

335. Помагај кој да е чоек во невола. Макар само со олеснуање.

336. Им се силат будали на паметни!

337. Наместо жизненост-мртвило.

338. Сè за култура и ученост.

339. Не те ни познаа, а те пизми!

340. Прво опитај се дал` можи да биди шо требало да биди, па после прај шо ќе прајш за да биди.

341. Крајо не ти се гледа оти немаш крај.

342. Саде со одбрани лујѓе можи да се стори многу.

343. Ука и трудејње од рано насабајле до папсуање.

344. Јадиш со навик да не се најадиш.

345. Те познаам, ме познааш, ама малу се познааме.

346. Каква је таа љубов најголема од сите?!

347. Да си кажиме сè шо ни лежи на срце, па да продолжиме да си ги живејме нашите животи.

348. Убаа мома без своја рожба је самотна.

349. Ни те држат ни те поддржуаат, а ти им слугуаш.

350. Големи лујѓе за големи дела, големи дела од големи лујѓе.

351. Шо да се прај кога не се прај? Нема шо. Ќе си биди ко шо је.

352. Истрпел многу, ќе трпиш уште толку.

353. Некои нема да се видат до смрт, ама нема да се забораат.

354. Ебати политиката шо ти је саде за местење и местенки.

355. Неканет гостин не је за гоштаање.

356. Намерно остааш за после ко за никоаш. То ич не ти чини.

357. Биди во право време за и навреме против.

358. Варди од кај дува ветро за да не се најдиш на ветромет.

359. Доста ми је саде да те видам, љубима.

360. Домата на добар домаќин и добра домаќинка им е суредена и денум и ноќум.

361. Нема ново почнуање без искоренуање на шо је.

362. Не го мавтосуај народо! Кажи оти те стиснале и не ти даваат.

363. Не сечи оти толку му сечи умо.

364. Добро, ти имаш шо немам ја. И шо со то?

365. Шо је то шилокурант? Ај нека ви текни.

366. Како то уште никој од крадачите на миљони од народо да не биди во апсана?! Па ете, можело и можи.

367. Нема лесно али тешко кога се мора. Ни можиш али не можиш.

368. Лично време во лични времиња.

369. Си врви живото без да се забележи зато шо не се менуа.

370. Ако је до тебе, решавај без да одолжуаш.

371. Си одам по својо пат и не ни пробуам да го вкрстам со на друг.

372. Брго ќе жалиш за времето шо залудно си го поарчил.

373. Со оној сум кој не ни помислуа да посегне по нешто мое.

374. Треси ли треси зелени, а ниедна зрела да истреси.

375. На со духо млад не му се ништо годињето.

376. Тешка дума меѓу две онемуања.

377. Се разиграло срце вљубено, радосно и надежно.

378. Спокојо во живото ти го чува здравјето.

379. Не очекуај да ти речат фала за сè али за нешто од тебе сторено. А и не ти треба.

380. Влегоа во орото, играа шо играа, та папсани излегоа од него. Сега никој не ги вика пак да заиграат.

381. За забораање треба саде да не спомнуаш и да не си спомнуаш.

382. Меѓу ќе биди и мора да биди е нема друго чаре, освен.

383. Нема проблем ако не сакаш да има и знајш како да нема.

384. Не те знам оти не сум те знаел и нејќум да те знам.

385. Не прашуај колку да прашаш.

386. Ќе остани криво оти веќе нема време за испраање.

387. Во фелата двајца-тројца пријатели и неизбројани пакосници.

388. Ја не постојам за тебе, исто колку ти за мене.

389. Не играј си жарче шо тлее.

390. Минатото је минато зато шо је минато.

391. Сум си докажал на себеси оти љубовта је сега, без вчера и утре.

392. Ги замрси конците во твојте раце, па ниеден не влечиш правовремено.

393. Имам уште многу шо да речам и доречам. Ништо не ми навестува скорашно молчание.

394. Просто речено, за мене има сè помалце шо можи да биди.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА К`СМЕТОТ

395. Сиромашијата оди наспоредно со к`смето.

396. Има к`смет да има неколцина пријатели.

Прочитај и за ... >>  Суштествено 

397. Нема к`смет чоек од сиромашија отепан недотепан.

398. Без к`смет ни богат ни сирот.

399. Имал к`смет да се роди во богат свет.

400. Богатио имал к`смет дур` се богател. Сега на богатио к`смет му го варди богаството.

401. Со лесно му мини живото оти му работи к`смето.

402. Џабе је и трпеж-крпеж без к`смет.

403. Не фаќај се за туѓ к`смет. Ќе те остај баш кога ќе ти треба.

404. Ако имаш к`смет, ќе ти се заарни.

405. Не се калеми туѓ к`смет на свој.

406. Не се надеај одлетанио к`смет пак да ти долета.

407. Времето на к`смето је секоаш убоо.

408. Твојо к`смет не работи за друг.

409. Си имал к`смет, ама веќе го немаш.

410. К`смето не чека долго на праго.

411. Не мешај го к`смето со пуста надеж.

412. Не је ист денеска к`смето шо ти бил вчера. Ко шо не је ист чоеко шо го има.

413. Едни немаат к`смет цел живот, а друзи го имаат и за два живота.

414. Не се оковуа к`смет во пранги.

415. Нигде нема цел живот без к`смет. Ако не го најдиш ти, он тебе ќе те најди.

416. К`смето се арчи дур` трепниш со очите. Можи толку и да трај.

417. Од вчера во денес со к`смет најбрго.

418. К` смето не му иди на чоека. Он му иди нему.

419. Не се надеај на к`смет, ами на себеси.

420. Цела куќа полна радос, веселба, смеа и к`смет.

421. Има к`смет цвето да расцути во убоо време.

422. К`смето можи и да го опијани и да го отрезни чоеко.

423. На јунако к`смето му поможуа да се јуначи.

424. Секој к`смет на виделина.

425. Радуј се чоеку, си имал к`смет.

426. Со каков си, со таков и к`смето.

427. Има к`смет оној шо се труди.

428. Не је до к`смето толку, колку шо је до тебе.

429. Со твојо к`смет и к`смето на твојте ближни.

430. Не те води к`смето на твојо пат, ами твојо пат те води до него.

431. Со к`смет и живеачка и умирачка.

432. И така, сè си течи, сè истекува, но зборо меѓу нас си остануа збор.

433. Во народ обеснажен секој себеси се куражи безгласно.

434. Воздржи се од беспоговорно веруање за да не се разочараш, па да станиш рамнодушен ем малодушен.

435. Нека зреј работата, само да не презреј и да се скрши на парампарчиња.

436. Баш би сакал да распрааме, ама не џабе да се распрааме.

437. Сè речено можи да се речи али преречи инаку.

438. Сè ќе биди во ред и ќе дојди на ред, ако се држиме до догоореното.

439. Никој сам не стигнуа подалеку од себеси.

440. Да нема никаква празнотија меѓу нас.

441. Не престануа никое невреме дур` не знајме од шо је и од кого је.

442. Али сакаш али не сакаш. И то нема врска со мразејњето.

443. Го остааш злото нивно да ги изеј однатре.

444. Сум ти кажал многупати и пак ти кажуам оти сум онемен од твојта убајна. Ама тебе то не ти се ни дослушуа.

445. Никоаш доста култура, вредности, почитание и признание на дела на големи умој.

446. Скројвте шо скројвте, ама ај да ве видам сошијте така шо да не можи да се испара.

447. Шо ви фали? Најпојќе семенки во тиквите.

448. На предавнико баш му је гајле оти је кога му је полн џебо. Јá ќе го сокријат, јá усвет ќе фати.

449. Научи првин да се поднесуаш, па после да поднесуаш.

450. Трпиш, трпиш, па најсетне не можи да се трпи.

451. Не избираш најдобро ем најубоо. Таквоото само ти се избира.

452. Сè ти је добро ако си од доброто утро.

453. Не је, ама ти се чини оти је. Зато шо сакаш да је.

454. Кога мораме заедно само за да се сврши работата, то значи оти по неа ќе бидиме шо сме биле пред неа.

455. Силата је во умо. Безогледна је силата без ум.

456. Колку појќе ја збориш љубовта, толку појќе не ја докажуаш.

457. Било дамна-незаборавно.

458. Си играш играчки со оние шо не ти дораснале.

459. Немаш сили по мене да одиш, а камо ли да ме стигниш.

460. Кој ме памти ко убав и млад, ме припознаа и ко убав стар.

461. Секој арамилак почнуа од лажги со опашки. Па продолжуа заедно со ними.

462. Не отидуа чоек од блиски и пријатели откога ќе отиди во неврат.

463. Не ти вреди шо си ти за ти, а за друзи не си.

464. Ги наместија, па можат да им ја засвират свирката на која научиле да играат.

465. Жално је, па и болно кога је очевидно оти власта многу доцни. Дури кон нешто, по нешто и за нешто премногу!

466. Брзо да, набрзина не.

467. Не можи ко шо ја сакам, ама мора како шо ние сакаме.

468. Немој ти мене вака али онака. Доста је! Отсега саде вака и никако инаку.

469. Ме знаеш, а се препрааш оти не ме познааш! Стварно не домислуам заошто, освен оти на то те тера зависливоста.

Прочитај и за ... >>  VII, 953-1.000

470. Он гасни нечујно, бавно, несопирливо и речиси незабележливо. Го гаснат тишина и мрачина.

471. Али прај да биди напраено али престани да прајш.

472. Мир со тебе, чоеку очоечен.

473. Сторил ниет да тера правда докрај, па макар од неправди да не куртули.

474. Без воздив дур` не се сврши работата, а потем да биди за радуање.

475. Љубов на љубов не ѝ се искажуа од шо је неискажлива.

476. Го откри и се чуди како никој не го открил пред него. А згора им бил и им је пред очи.

477. Не ме убедуј. Докажи ми со дело.

478. Казната мора да страши и одвраќа.

479. Чим не се држиш на догоореното, со тебе појќе нема догоарање.

480. Тргаме од исто место, па кој прв, кој последен на целта.

481. Кому му пеј петлето, живото ко песна ќе му минуа.

482. Решил чоек да тера по своему, та никој не можи да го запри.

483. Имало куртул за него по сè шо си сторил и му сториле. Начнато му је здравјето, ама је жив.

484. И со купи-продај можи чоек да се обогати. Не велам не. Ама велам не за утрешо на твојто потомство.

485. Никоаш не забораај да ја прашаш опитноста шо кажуаат нејните траги, предзнаци и знаци.

486. Секое време је добро за едно, а лошо за друго. Ти си знајш за шо ти треба.

487. Со секое искачуање на повисока врв-планина си поблизу до сонцето шо им изгрева и зајдува на сите исто.

488. Напрај си нова куќа, ама не дозволуај старата да ти се урне во самотија.

489. Најважно је да си прибран и да си спремен против каква било загроза.

490. На сложни младост и старост домата им је за доволна живеачка.

491. Жртвуање за мир, не за војвање.

492. Не смеј да има несовладливи далечини за ближни.

493. Паметиме многу наше неповторливо.

494. Ич не чини да се испреплетуаат соно и јавето.

495. Секој следен чекор да ти биди постамен и порешителен од сите пред него.

496. Никаков чоек не си чим исмејуаш и презираш чоек.

497. Долни лујѓе не поднесуаат горни.

498. Не си со сите кога ништо не ти чини.

499. Добро де, нека биди и шо не било без мене.

500. Свето го делиш на едни шо те сакаат и друзи шо те пизмат.

501. Од сакалдисуање брго губиш здравје.

502. Ти си знајш оти претеруаш кога фалиш и кудиш.

503. Само ми се чини али ти стварно си против мене? Ами оти така?

504. Некоаш преживуале некако, ама не преживеале.

505. Веселата природа си се весели како знај и умеј.

506. Била и поминала љубов шо не била за да биди.

507. Мешаш дамнешни и вчерашни случајности шо ти се случиле али не.

508. За едни арен, за друзи не се најдуа полош.

509. Најнакрај те ничкосаа наземи, та веќе не можиш да се испрајш.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА КРИВИНАТА-НЕПРАВДАТА

510. Неправди недоброј од однароден свет.

511. Кога правина не помага, кривина уште појќе одмага.

512. Полесно ем побрго ќе најдиш кривина одошто правина.

513. Плива во река од неправди, а никако да се удај во неа.

514. Чим има, имало и ќе има неправди.

515. Ја на кривината не ѝ давам ни здив да земи сѐ дур` не ја поразам заедно со правината.

516. Нечоеко му је најдобар пријател на неправдата.

517. Оди понапред од друзи благодарение на лактајње, коленичејње и неправди праење на друзи.

518. Правдата најсетне со последни сили ја победуа неправдата.

519. Кој ја сака кривината, правината него не го сака.

520. Се собрале многу неправди и навалиле на една правда.

521. Од многу кривини околу тебе и пред тебе не догледуаш правдина.

522. Слеп при очи од кривини не припознаа правдина.

523. Најмногу штети прај неправда која совреме не се открива.

524. Боли, разболуа, а можи и да не се преболуа сторена неправда.

525. Нема поголема неправда од сторена на љубов.

526. Судиш за неправда во име на правда.

527. Стара неправда радо прима нова во своја куќа.

528. Неправдата ѝ се смеј на правдата зато шо никако да излези на виделина.

529. Секоја неправда има многу ближни, пријатели и познајници. А правдата малу.

530. На неправдата ѝ је најкомотно во мрачина.

531. Правдата довикува, а неправдата вика за никој да не ја чуе.

532. Нема правда без казнуање за неправда. И не со каква било казна, ами со таква шо да не се помислуа на нова иста.

533. Неправди на секој чекор, а сал една правда шо стои во место.

534. Напади ја кривината дур` не навлегла во твојо живот.

535. Ниедна неправда не се задоволуа со малу. Саде она знај со колку многу.

536. Сиромајо трпи многу неправди, а арамискио богатник не трпи ни една правда.

537. Не прај неправди за твое богатење.

538. Кој прифатил некоја неправда, она за него не је то.

539. Ти со кривина и зло против правина и добро? То ич не ти чини.

540. Гнево од сторена кривина је неизмерен и најтешко се надминуа.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VIII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.