Млада е, на средни години, а носи црнина од дамнина, со години. Толку многу време, што веќе никој од нејзините блиски и познајници не памети дека некогаш ја видел облечена во облека со друга боја. Не само црнотијата, туку и кројот за здолништата и фустаните е еден и ист: рамен.
Понекој од нив памети кога првпат облече црнина: како израз на длабока жалост поради смртта во ист ден на сопругот Цветан, нејзината прва и последна љубов, и на нивниот осумгодишен син Илија. Се случило во дамнина, пред многу години. И оттогаш никогаш никому не му ја докажувала црнината каква што се знае: како темница, мрак. Таа е потоната во црнотија на секоја ноќ и секој ден, со неизлечива болка, неизмерна тага и безгранично страдалништво.
Најблискиот пријател Петар, со кого е најмногу заедно дење, во последно време и цели ноќи, се обиде само еднаш барем да ја поколеба, ако не и да ја убеди дека е време одвреме-навреме да се облекува во други бои. Имено, се знае дека боите ги одразуваат, карактерот однесувањето и односот спрема на нејзиниот носител спрема средината и околината:
„Знаеш дека црната облека го претставува човекот како доследна и одлучна личност, со јасна визија и цел. Меѓутоа, зарем не забележа дека црнината, со која луѓето вообичаено ја искажуваат својата тага и болка, одбива, оддалечува, дури осамува? Мислам дека е време постепено и ненаметливо да почнеш да носиш облека во други бои. Според мене, најпрвин белата. Не како спротивставеност на црнината, туку како истакнување на твојата оствареност и истовремено поттикнувачката дејственост. Потоа одвреме-навреме и за кратко зошто да не облекуваш нешто зелено, а како израз на твојот ведар карактер. Па нешто сино, дека си по природа мирна, разумна, личност подготвена и да ризикува. Б ти препорачал да не ја одбегнуваш ни црвената боја. Напротив, во некои ситуации дури би ја претпочитал пред сите што ги изделив. Пред сè затоа што облечена во црвена облека се истакнуваш како енергична, самосвесна и личност со самодоверба“.
Таа не ја симнува црнината.
ДРЕБНАВОСТИ НА ДРЕБНАВ ЧОВЕК, наративна поезија, 8





