153. Непобитен факт:
Мојата поетска студија „Создател во изгревна и залезна година“ е најголемо дело во современата светска поезија.
Создавано е цели 52 години (1971-2023)! Во 1998. е објавена неговата основа (и како самостојна студија) под наслов „Генерика“-печатено библиофилско издание со нумерирани 99 примероци.
154. Јас најголема мислечка и творечка личност на светот денес? Баш убаво и баш ми годи! А кој го тврди тоа и како да се провери?
(Моето сериозно мајтапење е во последната реченица-прашањето. Инаку, една од најголемите мислечки личности на светот денес (не најголем како јас-хахаха) е Ноам Чомски, роден на 7. декември 1928. година. Длабоката старост (97 години) веќе го оневозможува да зборува и пишува.)
155. Не е добро потсмевот да е сеприсутен, а смеата да ја нема нигде.
156. Во спомени само одвреме-навреме.
157. Богатство и благородност во свет на творец.
158. Најжестоко против сите непријатели на народот и неговата држава.
159. Се воздржуваш или мислиш дека е залудно да се спротивставиш.
160. Ниту чекам, ниту ме чека.
161. Се смешка како ништо да не разбира.
162. Молчешкум преживува сè во себе.
163. Сè повеќе бил и сè помалку е во живот што тече.
164. Му се препушта на време во кое е што е додека е.
165. Во љубов за љубов повеќе се молчи, отколку што се збори.
166. Многумина ме заборавиле зашто со мене немале ништо заедничко.
167. Има во секого скриени нешта кои не се за откривање.
168. Се повторува зашто нема ништо ново.
169. Никако да се ослободиш од канџите на партијата на која ѝ слугуваш.
170. Решен е да истрае додека трае.
171. Најпосле неминовно сам. Макар во претсмртен час.
172. Нема творечки занес. Има посветеност и сосредоточеност.
173. Драго ми е дека ти е драго сè што ни е драго.
174. Ни во паметење ни во заборав. Значи, нема постоење.
175. Минува заробено време на заробен ум.
176. Не забораваме што било од нас и што останало во нас.
177. Се насити со пакости и подлости.
178. Ни вода те мие ни земја те покрива. Нека оган те пеплоса!
179. Скитник си во пустина без ближни.
180. Најсегашен, најутрешен, најсигурен, најспокоен и најсвој во семеен круг.
181. Љубовта секогаш ја следи среќа.
182. Нè има секакви, а меѓу нас најмногу на број самосвесни.
183. Принудно:
Прв или последен голем чекор.
184. Се движат, придвижуваат, предизвикуваат, не се колебаат.
185. Самоодбрана на зависно судство во име на независно!
186. Морална вертикала среде неморална хоризонтала.
187. Зошто и за што награда или признание на творец во години?! Наградете или признајте дело!
188. Се вљубиле две души на стари години и се подизгубиле.
189. Не „Слава и фала“ по смрт, туку во живот.
190. Жалам ако сум ти здодеал.
191. Неизмерна е единствената и неповторлива творечка енергија.
192. Сечиј живот со повеќе надеж и очекувања од можности.
193. Дојдовме до крајот. На кој е само личната одговорност.
194. Зависен:
Човек без лично достоинство.
195. Глупав зборува за сенешто без врска.
196. Се изразболеа неизлечиво дека веќе не се на власт!
197. Не можам да те натерам да ме почитуваш, но можам да не ти дозволувам да ме навредуваш.
198. Не се однесувај како да си нераен во умот. Да не сакаш да те приберат такви во своите редови?
199. Борбата против внатрешниот непријател е без исклучок потешка и подолга, отколку против надворешниот.
200. Однесувањето во каква било заедница се темели на лични одговорности и права.
201. Безгранична љубов меѓу самобитни и достоинствени.
202. Блуеш зли зборови.
203. Се мразиш себеси мразејќи ги сите што те опкружиле.
204. Те слушам и гледам колку сме далечни.
205. Нè престасаа сите што живеат во системи, а ние продолжуваме како што ни чини.
206. Многу му е полесен животот на човек што се шегачи и малку зема при срце.
207. Си навикнал преку ред, па сосила правиш неред.
208. За политичка партија е еднакво важен, ако не и поважен бројот на приврзаници од бројот на членови.
209. Штом веднаш не се препознавме, значи којзнае од кога не сме се виделе.
210. Што дека те слуша додека му збориш, кога не му се дослушува?
211. Големи последици од многу мали и повторливи грешки.
212. Тешка е секоја, а поготово последна разделба со некој со кого си работел, си создавал и си бил заедно.
213. Болен човек посакува само здравје, а здрав да има и што не му треба.
214. Обиди се да завршиш сè или да оставиш што не мора да се продолжува.
215. Со годините пријатели и познајници сè помалку, со сè поголеми празнини зад нив.
216. Гласот се заборава, а пишаниот збор не се брише.
217. Љубовта вреди најмногу. Без оглед каков бил и каков е животот.
218. Ти не продолжувај кај што сум запрел јас. Продолжи по свој пат.
219. Фала му на Бога што сум уште делотворен и животворен.
220. Нешто сепак останува по нас.
221. Не одлагајте ако зависи од вас. Може после да биде предоцна за што било.
222. Најмногу било што веќе не може да биде.
223. Има луѓе кои ништо не си значат и никому ништо не му значат.
224. Спротивниот пол е за заедно. Не е за да му се спротивставуваш.
225. Убави луѓе во убаво време.
226. Длабока мисла корисна во немислена состојба.
227. Секогаш со стамен чекор на свој пат.
228. Различен во два света.
229. Блиски, а далечни во наши времиња.
230. Само со вистини се стасува далеку.
231. Очекува од мене оној што ме знае.
232. Излегла гола убавина на забесто сонце.
233. Нема ништо невозможно во љубов.
234. Учиш за да станеш човек и да се докажуваш како човек.
235. Власта му го поматила умот, па никако да разбере и прифати дека е обезвластен.
236. Не оставај дом со угаснато огниште.
237. Онемел пред неизвесно утре.
238. Прифаќаш сè како што е зашто веќе немаш моќ да менуваш.
239. Секој има заеднички мигови со некого во мисла и паметење.
240. Засилено и забрзано зашто се ближи крајот.
241. Не само што не заборавам наше, туку и радо се сеќавам.
242. Ти благодарам на вниманието со кое ме следиш.
243. Знам, предвидувам или претпоставувам што може допрва да се случи со нас.
244. Во мое дело се продолжувам.
245. Не само што никогаш доста од мене, туку и секогаш повеќе.
246. Без празнини и недомислености во мислата.
247. Не ми се прикажувај каков што не те познавам. Човек не може да биде она што не е.
248. Власта не е за мене, па затоа сум што сум и кај што сум.
249. Љубовни бранови-спокојни големи и мали, снажни и пенливи.
250. Децата не играат игри за големи деца.
251. Има живот и во кој ти не си.
252. Многу зло против малку добро.
253. Ако знаеш што е за тебе успех, секако ќе успееш.
254. Влегол од личен интерес во политиката, па брзо излегол од неа затоа што не се снашол.
255. Ако се крие нешто што ќе се открие некогаш, тоа значи дека не му е време да биде откриено.
256. Во гнила држава:
Крадел како властодржец, но ниту го стигнала казна, ниту го вратил украденото.
257. Ничие време за паметење на доблесни борци и возвишени творци.
258. Во оваа пустелија не опстанале ни живи ни умрени.
259. Безначаен не остава ништо од себеси ни зад себе ни пред себе.
260. Вековно огниште гола земја покрила.
261. Нема ни ведрост ни мир во мачна живеачка.
262. Блазе тебе што си таков каков што сакаш да бидеш.
262. Ти минало времето што било и твое.
263. Најмногу страв од грубост.
264. Не верува во љубов зашто не доживеал права.
265. Рони брегови надојдена матна река.
266. Сум кажал и докажал што сум сакал.
267. И жеден и гладен, но стамен пред зол ветар.
268. Секако зашто не оди никако.
269. Најмногу придвижуваат напред личните гледишта, согледувања и ставови.
270. Предводникот е пред сè друго доблесен, доследен и решителен.
271. Во ништо и за ништо едностран интерес.
272. Меѓу квазиинтелектуалци најмногу политиканти.
273. Сегде и секогаш меѓу големи луѓе еден најголем.
274. Ако си открил-докажи.
275. Еднакво е важно за тебе кој си бил и кој си сега.
276. Умерено меѓу крајности.
277. Не заземаш страна зашто сите страни ти се исти.
278. Немало, ниту може да има време за чекање.
279. Некој до кога-тогаш, некој никогаш.
280. Одамна си на дно, та си заборавил како се испливува на поврвнина.
281. Ниедна љубов не се случува мигновено.
282. Собираш плодови созреани во нивно време.
283. Не си за кај што си, но и за никаде не си.
284. Не можеш да менуваш зашто со тебе не се оние што можат.
285. Постојано одлагаш надевајќи се дека ќе се заташка или ќе се заборави.
286. Изборот меѓу исти не е никаков избор.
287. Не се свртело времето против нас, туку се свртеле оние што посегаат по туѓо оти немаат свое.
288. Последна битка против смрт за уште некој миг живот.
289. Занемуваш пред нечие конечно обелоденето грандиозно творештво. Просто не ти е верно. Што следно?
290. Творечки занес-апсолутна посветеност.
291. Со мене секој самосвесен и со свои корени.
292. Сме заедно во живот и ќе бидеме по смрт.
293. Имам уште многу што не е само за мене.
294. Радост во создавањето и од создаденото? Тоа најпрво.
295. Силен си сè додека стоиш цврсто на своја земја.
296. Не те засегаат промени затоа што си одамна поразен од залудност.
297. Љубовта се изразува истовремено со збор и молк.
298. Некогаш е доволен само топол поглед за полет.
299. И натаму исто како досега. Зашто не уште долго.
300. Научи да препознаваш луѓе и да одбегнуваш нелуѓе.
301. Жилава борба за власт и привилегии во беда, пред неизвесна утрешнина.
302. Никогаш и никаде надвор од себеси.
303. Срдечен поздрав на срдечни и благи души.
304. Сè од тебе во мене и од мене во тебе за никаде без нас.
305. Суштествен проблем на критичкото промислување:
Како тоа да не е субјективно, еднострано, пристрасно?
306. Само здравје и живот. Нема што друго да се посака.
307. Меѓу политичари и политиканти мали политички камелеони.
308. Искрено жалам дека не пријателувам со неколку личности што ми се драги и ги почитувам.
309. Уште на слобода знајни предавници на народот, злосторници и криминалци!
310. Жално е што имаме живи крајпатни легенди.
311. И сегашниве ништо против довчерашните?!
312. Ништо не се може без умност, знаење, искуство и доследна политика.
313. Никој еден и единствен не се наоѓа, ниту се снаоѓа во толпа.
314. Знаеш многу ако си се опкружил со зналци.
315. Безсрамни и некадарни судии-гниди платенички.
316. Молчиш љубов што била и е.
317. Конкретно со конкретни.
318. Се сака, се може, ама се одлага за други времиња. Без нас?
319. Уште ти е метлата зад врата?!
320. Обврската и одговорноста секогаш испреплетени.
321. Некогаш било што не може да се повтори.
322. Грдо огрдува возвишена убавина.
323. Ако не знаеш, прашај некој што памети.
324. Неспоредливите нешта движат и придвижуваат.
325. Ќе нè биде само какви што сме.
326. Авторитетност-секогаш со знаење, аргументи и факти.
327. Грозоморна политичка маска:
Нечист лик бара чистота.
328. Неизвесност што трае и ќе трае:
Војна ли е или не е?
329. Најдобро за твојата вистина е да прашуваш за да си го провериш одговорот.
330. Ќе издржиш докрај зашто си несопирлив.
331. Почеток на напредно општество не е можен без нов систем наместо досегашен.
332. Не барам друго, освен без зломисла, злонамерност, злост и злорадост.
333. Најлошо е да дејствуваш принудно.
334. Млад човек е подготвен да преземе одговорност кога знае и умее повеќе од возрасните.
335. Проверено за успешност:
Не мисли, па дејствувај, туку мисли дејствувајќи.
336. Матни зделки за матни добивки.
337. Љубовта расте и се извишува. Никогаш ниту стои во место, ниту трга назад.
338. Секој е должен да се бори до смрт за правда. Не цел живот да ја бара или да ја очекува од друг.
339. Може да се сотрат сами и меѓусебно, доколку во меѓувреме не си направиле дупки во кои да се сокријат.
340. Никој не ви верува и никому ништо!
341. Премногу тешки, премногу трагични последици, а причините веќе во дамнешно минато!
342. Постоењето на центри на моќ во една држава значи дека власта во неа не е власт.
343. Нечинењето ќе ви се удри од глава исто како чинењето.
344. Делата на творците во центарот. Сè друго околу нив, близу или далеку.
345. Нема денес и утре со ненадминати собитија и нерешени проблеми.
346. Од тебе најмногу зависи дали парите се или не се сè.
347. Си молчам и си зборам без престан. И не ми е грижа кој што мисли за тоа.
348. Не знам зошто е тешко да се стои во сенка на грандиозно дело, единстведно на светот!
349. Смртта несопирливо го поразува човекот однатре.
350. Дејствуваш од сенка пресметливо и подло.
351. Денес треба да е добро за утре да биде подобро.
352. Љубовта е единствената константа во животот.
353. Големи и мали кругови со живи и мртви светови.
354. Те совладале или си им се препуштил на емоциите?
355. Секое време поразлично од друго.
356. Се правиш наудрен дека не се однесува на тебе.
357. Малку е за добро на сите.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVII





