481. Истовремено
Затскриено од едни,
сокриено за други.
482. Нека
Нека биде пак
за пак да биде.
483. Вајар
Вајар изваја
тело извајано.
484. Зарар
Голем зарар
од дребнави.
485. Баеги
Баеги се далеку,
та не се знае каде.
486. Врамнотежно
Сè е наместо
сега без дамна.
487. Рискови
Со многу рискови
тргнува кон исток.
488. Тегоба
Незнајна тегоба
му го кине срцето.
489. Добродушен
Се нашол добродушен
во ред против злодејци.
490. Тековно
Никаква изненада
во време со знаци.
БИДУВА, поезија/двостишија




