Бидува, 451-460

451. На почеток

Прв живот во семе
пред последен крај.

452. Часкум

Се најде пред тебе
како да те познава.

453. Итам

Јас кон хоризонт
далечен и близок.

454. Светол зрак

Продрел светол зрак
во мрачна празнина.

455. Те молчам

Неизмерен молк, а
ние сами меѓу нас.

456. Што

Што оти не знам што
било исто ко да не било?

457. Порта

Стои порта до небо на ветар
затворена и ширум отворена.

458. Радување

Големо радување
на разминување.

459. За напред

Стоиш во место сам
за напред кон никаде.

460. Пламени

Пламени во говор
што едвај се слуша.

БИДУВА, поезија/двостишија