Бидува, 401-410

Потребно време за читање: < 1 минута

401. Мачно

Се крепи со љубов
до бистар кладенец.

402. Во улица

За лево-десно и напред-назад
секакви сигнали на брз живот.

403. Желба

Било нешто дамна
ко од нас да било.

404. Незнајни

Незнајни заедно
како да се знаат.

405. Наведени глави

Безброј наведени глави
итаат кон светла ноќ.

406. Метежници

На почеток и крај
некои метежници.

407. Левент

Се нашол левент
да предводи луѓе.

408. Грабливи

Од сегде навалиле некои
грабливи опараци без лица.

409. Камени фигури

Наредени една по друга
камени, а живи фигури.

410. Кривда

Голема лична кривда
премали гола вистина.

БИДУВА, поезија/двостишија