882. Не сум ви пред очи, па не ви паѓам на ум.
883. Сè се менува, само вие не. Исти сте ко што бевте.
884. Зошто мразиш човек?!
885. Никому не му е од корист, а ти потроши толку време од твоето.
886. Што очекуваш од утре кога не си го чуваш здравјето?
887. Не стојам во место за некој да ми се придружи.
888. Градам свет во кој секој има свое место и е за секој добронамерен.
889. Немам спокој откога ми се нафрли неизвесноста на моето постоење.
890. Има живот дури е животот животворен.
891. Предалеку и превисоко сум за да биде некој со мене.
892. Повторно не се раѓа љубов.
893. Убавина барам за да бидам колку со неа, толку во неа.
894. Од грубости и суровости лузни неброени.
895. Сè поголем заборав во дамнешни години.
896. Си украл што си можел, па е време да те снема сосе украденото.
897. Со свои полесно? Да, ако се на свое за вас.
898. Си се подгрбавил под товарот на баналноста.
899. Со дела најпрвин си се докажуваш на себеси.
900. Сè најмногу зависи од човечкиот фактор.
901. Вашето време истече. Нека ве однесе матната.
902. Ем нема зошто ем нема кој да го признае моето дело.
903. Предци оставиле, потомци разнебитуваат.
904. Едно исто секој ден? Значи, стоиш во место назадувајќи.
905. Пропаднавте неминовно, се браните недостоинствено.
906. Можам уште за мене и за нас.
907. Јас мртов ладен:
Човештвото ќе му биде вечно благодарно на оној чесен богатник што ќе ми подари 1.000.000$.
Јас, пак, ќе го овековечам во моето мислечко и книжевно творештво!
908. Љубов-и спокој и трепет и возбуда и доблест.
909. Творец-придвижувач до најдалечна цел.
910. Голема дарба е сериозното шегачење на своја сметка.
911. Те мислам како што те знам.
912. Сакаш нешто што не ти треба?!
913. Не се води политика без партија, макар таа да е независна? Се води, ама не за гола-политикантска власт.
914. Најголем ваш пораз е што на народот му е доста со вас од вчера без денес.
915. Кој бар одвреме-навреме не се меша во луѓе, изгубил многу од својата човештина.
916. Докажи што знаеш, колку знаеш и дека те бидува, па очекувај ја мојата доверба.
917. Он е исклучок затоа што е исклучителен.
918. Моите многу години најпрвин како искуство и надминати премрежја во животот.
919. Творец со грандиозно творештво не престанува да создава нови дела. Редок пример во светот.
920. Неразумно е и нездраво жесток пораз да толкуваш како победа.
921. Си се надминал себеси признавајќи туѓ успех? Не, туку тоа е доказ на лична култура и достоинство.
922. Со стамен чекор до последна животна цел.
923. Криеш љубов зашто се плашиш да не ја изгубиш.
924. Меѓу мудри нема најмудар. Има премудри.
925. Не ми треба благодарност, туку меѓусебна почит.
926. Многу спомени во сè погуста пајажина пред заборав.
927. Одговорноста за сè мора да биде прва и последна.
928. Биди конкретен дејствувајќи.
929. Многу е тешко со валкана совест. Особено ако се има свест за неа.
930. Надежен е секој почеток на крај со нов почеток.
931. Ако си најдобар, не си за најдобар меѓу добри.
932. Смисла на животот:
Создаваш за себе и за други.
933. Да си чесен секогаш, истовремено пред себеси и пред други.
934. Сал една твоја врвица до врв.
935. Здружени за споделување добро и лошо, лесно и тешко, големо и мало.
936. За ноќ по долг ден помалку, одошто за ден по куса ноќ.
937. Најнадежно со тебе, љубов прва и последна.
938. Се сплотиле стари и млади за жизнени зрели години.
939. Жално е и мачно дека си бил во живот, а веќе не си.
940. Дамна си почнал нешто што само се продолжува.
941. Шовинизмот предизвикува неслободарски и недемократски собитија. Трагично е кога тоа не го разбира предводник на партија.
942. Предизборни игри на партиски шутови кои смртно исплашени не признаваат пораз.
943. Не се согласуваш со мене? Па мене тоа не ми треба!
944. Се коцкаш со судбини на луѓе. Ги мешаш картите за нив, знаејќи однапред дека твоите се најјаки.
945. Последното нема кој да го продолжи.
946. Неподносливо е да не се знае до кога за никаде.
947. Огнот на љубовта може да пеплоса душа.
948. Нема ништо неменливо кога се сака.
949. Никаков интерес за творец на единствено дело на светот? Безначаен, омаловажен и непризнаен!?
950. Нов ден пред мене. Се надевам и пред вас.
951. Сплотени и во рамновесие со природата.
952. Сонце да те грее тебе сосе твојата сенка.
953. Се борат за власт на свои!
954. При срце му е грутка земја татковинска.
955. Ранлива жива душа на голем човек.
956. Сите во борба за здравје и човештина!
957. Со умност се поразуваат плиткоумност и недоветност.
958. Се сомневаш дека патот по кој одиш не води кон твои цели.
959. Просто не може без апсења и казни на главатари и нивни поданици за сторени недела.
960. Нема каде и не треба никаде да се бега! Зарем од арамии политикантски и измеќари туѓински!?
961. Сè потешко ми е да те молчам длабоко во мене, љубов.
961. Смачено ми е од неписмени лигуши во политиката.
962. Сè повеќе привремени живеалишта во оваа страдна земја.
963. На секој чекор неправди кои ја загрозуваат слободата на чекорот.
964. Јас сам на врвот, а сите други во подножјето на мојата планина.
965. Треба многу да знаеш за да вреднуваш врвно вредно дело.
966. Од суштествено значење за афирмацијата на личноста не е прашањето „Зошто тие?“, туку „Зошто не јас?“.
967. Моралното паѓање е несопирливо.
968. Се брише границата меѓу стварниот и виртуелниот свет. За сметка на нивното времетраење.
969. Индивидуалноста на креативниот дух се докажува и здружена со други.
970. Жално е, дури трагично грандиозна творечка личност да се возвишува надвор, а да не значи ништо дома.
971. Допрва ќе се открива и осознава колку многу вреди моето творештво.
972. Човек не препознава човек во толпа.
973. За тебе не чини или да сакаш или да мразиш.
974. И премален стоиш исправен пред последни премрежја до твојата последна цел.
975. Убава си само за мене, љубов.
976. И сам и осамен во луѓе. Дека не те познаваат.
977. Неизбришливи се откриените траги на минатото.
978. Најголем проблем на државата се партиските војници на власт.
979. Мултиполарниот свет не е свет поделен на силни и слаби држави, туку на еднакви и независни.
980. Батали партија. Биди слободен.
981. Ништо не е толку силно за само да се одбрани од канџите на заборавот.
982. Сам да си одговориш зошто некогаш сте биле заедно, а сега не се ни познавате.
983. Зошто да те прашувам кога знам што ќе ми одговориш?
984. Се менуваме побрзо од времето. Со големи последици по нашето здравје.
985. Смешно е и трагично како бараат доверба од народот под партиска закрила.
986. Меѓу мал и голем успех многу неуспеси.
987. Не си го чекам крајот. Ќе ми дојде во свое време.
988. Младоста на потомците и трагите на предците ги чуваат старите од брзаницата на животот.
989. Сè што сме споделиле и споделуваме е меѓу нас.
990. Во мрачна тишина се раѓа нова виделина.
991. Нова љубов не може против стари.
992. Забот на времето ништи сè без трага.
993. Се нема свест колку е ранлива урбаната живеачка.
994. Никој не те брза, но бавно не е за тебе.
995. Човекот е човек колку за човек, толку со човек. Истовремено пред, зад и покрај човек.
996. Отсекогаш сум бил и секогаш ќе бидам за спокој, радост и достојност.
997. Сум и ќе бидам додека сум за да бидам.
998. Кој последен ќе се смее меѓу смејачи, треба да внимава да не пукне од смеење.
999. Прави ако знаеш што и како. Се разбира, и ако знаеш зошто и за што.
1.000. Јас сум прво македонски, па потоа светски мислител и книжевник. И покрај сè, и покрај сè!
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI
