707. Разграничување за почеток на темелена реформа на воспитно-образовниот систем:
-индивидуално учење;
-социјализација.
708. Некогаш боли, некогаш многу боли дека не можеме да вратиме важно нешто во потрошеното време.
709. Тресна на дното, лицемерен простаку, пеејќи за една труба која дење-ноќе не престанува да труби сама, а не си ни свесен зошто ти оди на нерви.
710. Нема радост од создавањето. Тоа е нужност и доказ на постоењето.
711. Нема достоинство со просјачки стап в раце.
712. Си се докажувам само на себеси.
713. Многу лица глумат сечиј живот.
714. Се вртиме во круг од кој никој не може да излезе и во кој никој не сака да влезе.
715. Сосем сум ѝ предаден на мојата нескротлива творечка енергија.
716. Сеедно ти е дека малку знаеш за мене? Мене не ми е.
717. Се сака живот заедно со љубов.
718. Не знаеш без што можеш во немаштија. Всушност, во неа ти треба сè.
719. Не може меѓу постоење и непостоење. Едноставно, постоиш или не постоиш.
720. Прелажани слушаат лаги на лажливци!
721. Се покриваш со ветувања без покритие.
722. Никој нема ништо во врска со мене.
723. Замолчен е зашто знае за многумина и за многу.
724. Немате поим колку се извалкани и оти нема ни кој ни што да ги исчисти.
725. Не заборавајте дека и нив и вас ве гласаат граѓаните.
726. Јас денес не познавам чесен, искрен, угледен и независен богатник.
727. Кога навистина би избирал народот, големо прашање е дали би избрал некого. Особено не од оние што веќаваат неразумно.
728. Нема напредок ни на држава ни на општество без исто казнување за чинење и нечинење.
729. Дали скоро власт за народ без народ?
730. Стар бел дедо никому не му е потребен, та нема кој да му го признае делото денес за утре? Отрпнал!
731. Љубовта се докажува и кога е нема.
732. Отиде негде далеку, па никој не може да го стигне.
733. Со камен ѕид до небо обградил родна земја.
734. Бедни богатници и арамии се тепаат меѓусебно за народни пари.
735. Зошто пак да гласам за тебе кога ништо не стори за мене?!
736. Што помалку борба со последиците, а што повеќе со поводите и причините.
737. Сè во вистинско време за да не биде прерано или предоцна.
738. Личност со личности. Никогаш со безлични и несамосвесни.
739. Напредок само со докажани и кои се докажуваат.
740. Секако се живее исполнет живот.
741. Секое решение реализирано со решителност докрај.
742. Не биди рамнодушен спрема нештата што те засегаат, а особено спрема оние од кои зависиш.
743. Од мене многу повеќе предупредувања одошто совети.
744. Ем немаш поим ем не го поимаш проблемот.
745. Не е проблемот дали нешто повторувам, туку колку тоа ти помага.
746. Ми фалиш, љубов, особено кога нешто се обидувам за нас.
747. Сè за мене дури сум жив. По мојата смрт сè ќе биде или непотребно или залудно.
748. Биди против ако знаеш за што си и зошто.
749. Не се секирајте за мене. Моето мина.
750. Сèпомалку се паметиме. Забрзано се забораваме меѓусебно.
751. Совреме им е сè наместено и наредено, па не се секираат ни за денес ни за утре на други.
752. Не е проблем што не знаеш. Проблем е што мислиш дека знаеш колку што треба.
753. Подобро смрт на улица одошто забрзана умирачка во приватени дом за стари лица!?
754. Ништо од мене за тебе ако ме поднесуваш.
755. Само да не му станам товар на ближен.
756. Завислив си зашто си зависен.
757. Одамна ве имам прочитано како буквар, неписмени ниедни!
758. Не читаш од мене напишано затоа што не знаеш да читаш.
759. Научи кој сум и што сум пред да ми се обратиш.
760. Треба да ти е чест што ме познаваш, ништожен човеку!
761. Стамен стои стамено и во жештина и во мразнина.
762. Љубовта е сè, а разбрането море пред сè.
763. Ја наслика својата дамнешна љубов со огнени бои.
764. Секојдневни мали нешта големи, што да нема поголеми.
765. Се случува што не треба да се случи, па се однесуваш како да не се случува.
766. Недозволиво е правдата да доцни!
767. Неразумно е да им се поверува на лажговци и арамии, за пак да им се даде власт в раце.
768. Ве чека светла иднина-негде.
769. Не чинело и не чини, ама он ветува дека ќе ве чини!
770. Се прави помал одошто е! Да се крсти човек.
771. Не издржа, падна, а веќе нема кој да го дигне.
772. Последни зборови на човек пред смрт:
„Животот е еден“.
773. Сакал ти-не сакал, стануваш ништожник меѓу ништожни.
774. Жалиш за сенешто без тебе.
775. Нема човек кому не му е грижа за ништо. Секој се грижи за својот опстанок.
776. После тебе само твоите коски!
777. Врзи си го јазикот зза да не ти го пресечат.
778. Има ли трепети, возбуди и страсти без љубов?
779. Пеплосал љубов љубовен оган.
780. Нема секој плод семе.
781. Не е исто да си до овде и до негде.
782. Времето истовремено гази и прегазува.
783. Се испоганивте и поганите сè, пезевенци партиски!
784. Сме имале и имаме наши големи луѓе за кои не сме знаеле дека биле меѓу нас, ниту знаеме дека се.
785. Виден човек-со свое големо дело.
786. Обемноста и разновидноста на творештвото на творецот е еднакво валидна со неговите стојности.
787. Ако знаеш, нема да споредуваш нешто со нешто неспоредливо.
788. Се радувам оти бевме заедно и сме откога не сме.
789. Секој политикант се занимава со дневна политика.
790. Громогласен, а тивко живурка стар бел дедо.
791. Јас сум што сум од многу одамна, а ти ни сега не знаеш за мене.
792. Си припаѓаме еден на друг сè дури сме живи во времево, љубов.
793. Познавам стамен и снажен, самосвесен и самобитен човек.
794. Мачна живеачка на душа јадовна.
795. Буништево ни стана највисока планина!
796. Да се срамиме оти дозволивме на наша штета. И уште дозволуваме.
797. Секоја власт на крајот се сведува на власт над народните пари.
798. Самосвесно, несомнено за повторување до паметење:
Јас сум единствен творец на светот кој со децении истовремено создава 10-15 мислечки и книжевни дела!
799. Не ти дозволувам да ме омаловажуваш! Фати си го патот!
800. Повеќе мали порази одошто големи победи во животот. Тоа е нормално?!
801. Еднакво болна е секоја разделба со близок сопатник.
802. Не оди бос по трновит пат.
803. Извор на бистра вода сокриен од нелуѓе.
804. Никој и ништо во твојот минлив живот.
805. Лоши зборови и дела во лоши и за лоши времиња.
806. Не ти вреди да стигнеш на целта бессилен.
807. Отиде во неврат сам човек во беспаќе.
808. Матна река која совреме не се скротува, по време се излева од своето корито.
809. Се премислува љубов која не се случила, а требало да се случи.
810. Тргнуваш, а не знаеш кон каде. Исто како кон никаде или во бестрага.
811. Во борба бори се докрај. Без оглед дали станува збор за неизвесна победа или за извесен крај.
812. По секоја цена не прифаќај ништо на своја штета.
813. Со излитени зборови се искажува излитена мисла.
814. Доволноста и функционирањето на системите се во суштината на квалитетот на животот.
815. Не им се предавам на чувствата, но и не го спречувам нивното пројавување.
816. Кажи што ти лежи на срце за да му олесниш.
817. Твојата животворна енергија против твојата снеможена старост.
818. Осаменик сè позатворен во себе.
819. Ем никому потребен ем на себеси непотребен.
820. Не ти се јавувам, не ми се јавуваш-значи не сме си потребни еден на друг.
821. Човек пред неизвесен крај имал извесен почеток.
822. Имајќи ги предвид моите години и мојата старост, за мене и Нобеловата награда е безначајна!
823. Не е ука, туку предупредување:
Се владее со држава, не со општество.
824. Достоинствен човек-личен и стамен.
825. Никој како ти со други.
826. Слезе од својот врв да почини.
827. За чистота лична и заедничка.
828. Ако не можеш да кажеш нешто со два-три збора, кажи го со неколку. Но не со многу.
829. Од изгрејсонце до зајдисонце цел ден за самодокажување со дејствија и дела.
830. Ниту кријам нешто од себеси, ниту се откривам себеси во други.
831. И утре ќе се случи човек кому човечкото ќе му биде пред сè друго.
832. Минато и сегашност во неспокоен сон на преуморен сонувач.
833. Испокрадоа од народот сè што можеа да украдат, па отидоа во бестрага.
834. Не ме барај, љубов. Одамна ме нема без тебе.
835. Може да биде што било, доколку сакаме да биде дел од нас.
836. Минав долг пат, а мојата цел е и недогледлива и несогледлива за многумина зад мене.
837. На крајот во нечиј нов почеток.
838. Мисли што мислиш за грандиозноста и разновидноста на моето мислечко и книжевно творештво, но имај предвид дека тоа се молчи смислено и не се признава злонамерно.
839. Создавам мислечки и книжевни дела повеќе од половина век, па несомнено добро знам што е што во нив.
840. Неминовно, утре ќе ме нема. Дали исто како денес?
841. Боли неправдата? Најмногу боли кога не престанува.
842. Страдален живот сè до предавање на неговиот крај.
843. Молчам за сè против мене лично, но продолжувам громогласно против ништожењето на моето дело.
844. Близу до конечната цел со свесност за мојот идентитет и мојот интегритет.
845. Не дозволувај кој било да те манипулира против мене. Го прави тоа и против тебе.
846. На крајот ништо од тебе, зломисленику и пакоснику!
847. Се храниш со злоба и никако да се наситиш.
848. Во мисла сум секогаш и сегде заедно со тебе, љубов.
849. Предоцна е да итам. Не ми дава тежината на староста.
850. Може и многу пари за ништо. Како што може ништо за многу пари.
851. Мува не го лази, а се размавтал со рацете како да си ишка мува на капата.
852. Голема саможртва за докажување на себеси.
853. Заспан народ сам не се буди. Го будат негови предводници.
854. Ќе пукнеш од мака залудно?!
855. Што треба да прави мал човек пред голем? Да проба да порасне.
856. Зошто не продажба на создадено творештво кому било од страна на неговиот творец-за понудена највисока цена?! Особено ако тоа не е признаено, е маргинализирано во неговата татковина!?
Смешно? Јас сум мртов ладен!
857. Сè почесто си поставувам прашања на кои немам одговори.
858. Неправди спрема праведни во неправедна држава.
859. Борбен дух исконски во борба за конечна победа денес.
860. Законот е за сите или не е закон.
861. Секоја голема љубов е животворна.
862. Сè во свое време дури има мое време.
863. Има за паметење од мене? Зависи за кого и како.
864. Не престануваме да го бараме оној што ни треба.
865. Одамна не правам ништо непотребно и бесцелно.
866. Решило магаре да се кандидира за градоначалник, сигурно дека сите магариња ќе гласаат за него.
867. Трпе и Трајче се сториле пишман оти слегле од село во град.
868. Го шашардиса селска убавина.
869. Ќе дозволи ли човекот вештачката интелигенција да ја надвладее природната?!
870. Животот е дар од природата за човек да биде природен.
871. Надреденоста и подреденоста се предуслов за партиско и политикантско владеење.
872. Вреден живот со вредности и меѓу нив.
873. Ти треба да бидеш прв меѓу еднакви?!
874. Безмерно и безвременско дело на човечиште.
875. Човек се прилагодува за да овладува и владее.
876. Навалиле сосем да му го урнисаат достоинството!
877. И во љубов ни ништо премногу ни ништо премалку.
878. Го надвладеале безначајности, па ништо значајно не му се случува.
879. Некој ме мисли, а јас можеби знам кој.
880. Се браниш неодбранливо!?
881. Ако ти е доста од мене-заборави ме.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI