Бидува, 381-390

Бидува

381. Што било

Нешто било кога сега
некој е каков што не е.

382. Често

Се случува често
да нема што било.

383. Ред

Се создал ред
сега во безредие.

384. Енергија

Собрал енергија човек
во една негова точка.

385. Којзнае

Некој којзнае дали
негде ќе се најде.

386. Досетка

Неочекувано полета
кон ширното небо.

387. Седенка

Седнале во ниедно време
луѓе сами крај свое огниште.

388. Фотографија

Заживува фотографија
со стари и нови лица.

389. Глушини

Жално е што има многу
глушини околу градов.

390. Голи и боси

Се најдоа голи и боси
изѕемнати во самотија.  

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.