Бидува, 361-370

Бидува

361. Непознат свет

Еден свет во тишина
се движи кон мене.

362. Навалување

Нема сили за ново,
па тргнал кон исто.

363. Познанство

Моето познанство со него
е од пред нова извесност.

364. Небрежен сон

Сонот што го сони буден
му заличи на дамна виден.

365. Странично

Тргна по странична улица
кон центар на разурнат град.

366. Бегло

Дека сите сè учеше бегло,
сега ништо не се разбира.

367. Од старина

Уште од старина се памети
како се растело спокојно.

368. Опасност

Изложен на налет на сила
насобрана во миг со крик.

369. Во глиб

Заглавиле во длабок глиб
луѓе, животни и птици.

370. Привиди

Бев во привиди
кога не бев јас.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.