Познато-непознато и лесно докажливо

Потребно време за читање: < 1 минута

Повторлива констатација:

Секојдневно создавам и објавувам на Интернет мислечки, поетски, прозни и сатирични дела.

Ако за тебе нема никакво значење дека моето творештво е грандиозно-според бројот и разновидноста единствено на светот-во ред. Сметај дека тоа не е за тебе.

Кога не би била лесно докажлива констатација, сигурно сериозно би ми се „укажувало“ дека творецот не треба да зборува за стојностите на своето дело. Не разбирам зошто, но ме предизвикува да потенцирам дека никогаш и никаде не сум зборувал за стојности на кое било мое дело или на моето целокупно творештво. Освен доколку грандиозноста и разновидноста не се непосредно или посредно поврзани со нив (особено разновидноста). Поготово оти е единствено на светот.

И малку шеговито и „мртво ладно“:

Јас добитник на Нобеловата награда за книжевност-за моето грандиозно книжевно и мислечко творештво?

Секако! Без никакво сомнение!

И ќе ја добијам…ако не умрам во меѓувреме.

За поезија:
-12-те поетски студии, одделни и како делови од капиталното поетско дело „Создател од изгревна до залезна година“ (1.309 песни и „врзовни пеења“-најавни поетизирања и знаковни авантури).

Прочитај и за ... >>  Оптимизам-песимизам

За проза:
-Кој било од моите 16 романи.

Горчливо:

Сум создал големо, ма непроценливо книжевно и мислечко богатство!? Тоа не е никакво богатство…Ништо не е во Македонија!

Мои очекувања денес и утре како мислител и творец?

Баш никакви!

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 105