341. Сон и немир
Се сретиле сон и немир
пред многу минато време.
342. Одам
Кон недостижен хоризонт
меѓу мој и заумен свет.
343. Измислица
Ти жизнена и полетна,
јас со премалена снага.
344. Сила
Некоја далечна и тајна сила
ме вовлекува во своето јадро.
345. Јунак
Познат си ми во дамнина,
паднат незнаен јунаку.
346. Што љубов
Не прашувај ништо,
љубов безизразна.
347. Ѕвезди меѓу облаци
Неброени сјајни ѕвезди
пред облаци и по нив.
348. Се гласиш
Ми се гласиш
нечујно, жално.
349. Незнаен пат
Осознаваме при чекори:
крајот на патов не ќе е наш.
350. Тело
Стројно тело
замислено.
БИДУВА, поезија/двостишија