Потребно време за читање: < 1 минута

Иде нешто без форма
во секакви форми
најмногу незамисливи
за човек кој стои во место
вкочанет онемен
како замислен поради
нешто неразб ирливо.

Иде кон него па не иде
се доближува голо
се оддалечува скрвавено
во обид да го опфати
да го преплави
како да ќе го голтне
ќе го вовлече во себе.

Потоа се чини дека оди
што подалеку од него
за да не се поистовети
со неговото бесмислено
стоење во место.

Нема ни боја ни мирис
всушност има кога е близу
всушност нема кога не е
а најмногу зависи
од ново годишното доба
дали е очекувано
или е досега непознато.

Некој чуден звук
преполн со недорек
како глас како крик
на новороденче
оставено напуштено
заборавено
во разурнатa крепост.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 47