Бидува, 321-330

Потребно време за читање: < 1 минута

321. Лисје

Соголил дрво ветар,
лисје покрило земја.

322. Откриена трага

Сокрил некој своја трага
од којзнае кога за до кога.

323. Одлив

Се одлива море
од сув и пуст брег.

324. Одморање

Преуморен се одмора на сонце
меѓу голи стени и тивки бранови.

325. Џагор

Џагор болезлив,
бојазлив, безволен.

326. Трнче

Се сокрило трнче
во меко живо месо.

327. Устати

Собрани млади устати
се слушаат меѓусебно.

328. Плавно

Го слушаат сите
кога збори плавно.

329. Азар

Он е азар уште
од рани зори.

330. Грабачи

Опколиле оган горлив
страшливи крадачи.

БИДУВА, поезија/двостишија, 321-330