Нема кој да забележи
дека си гола кожа
со коски во неред
како на штотуку
излезен на виделина
мртовец дамнешен
во откриен гроб
на незнаен пустиник.
Забележуваш
дека пределот е сув
и каменит
и скаменет
ништо живо
ни близу ни далеку.
Одамна не личиш
на човек
а на нешто скаменето
без форма и содржина
среде длабини
и поврвнини
како изоден пат
за тебе
откога си ти
беспоговорно.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 6