271. Катаден
Домислува време,
заживува живот.
272. Зло и крв
Од стрвен саде зло
и крв од живи рани.
273. Без спокој
Нема ноќ, нема ден
во небо што се мрачи.
274. Некој молк
Незнаен молк одамна
обзел онемена смрт.
275. Пред страни
Од која страна ти,
па на која страна?
276. Визглавје
Преуморна глава
на камено визглавје.
277. Агора
Се најдуваат на агора
луѓе со намерни луѓе.
278. Опаки лица
Како да не знае како конечно
да се ослободи од опаки лица.
279. Трагачи
Трагачи не знаат
по што трагаат.
280. Никаквец
Нашле за смислени грозоти
еден никаквец со суро лице.
БИДУВА, поезија/двостишија