Грешките

Препев на пев и повев

Пред чекор напред чекор назад
а меѓу длабока провалија која
ту се шири ту се продлабочува
ту се стеснува ту се мрачи
до недизмерна мрачнина.

Во еден неизречен збор
само крици без интерпункција
од гладна и сува уста
со исплазен јазик
дека нема жив човек да го чуе.

Голема грешка од небрежност
со трајни последици
за народ чија последна надеж
била да одживее пристоен
човечен живот
до последна смрт.

Неизбројни се грешките
една од една една по една
една со една и една преку една
на пат кон светлина далечна
еднакво земјен и небесен.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 40

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.