Бидува, 251-260

Бидува

251. Со себе

Негде далеку со себе
никој не го препознава.

252. Иде

Некој незнаен голем бран
неразбран и незапирлив.

253. Радување

Полетува кон сино небо
замислувајќи дека лета.

254. Едно

Тоа никогаш не било
што може да се повтори.

255. Ближни

Необјаснива жизнена енергија
ги привлекува, па ги оддалечува.

256. Онемен ковач

Се топи железо во оган
за меѓу чекан и наковална.

257. Неизделен

Со тебе исто ко со други
во повторливи состојби.

258. Доста

Веќе никако сами
низ мочуриштево.

259. Во празна куќа

Постела на гола земја,
до пред миг претсмртна.

260. Кадеж

Се крева црн кадеж
над глави на луѓе.  

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.