Бидува, 200-210

Потребно време за читање: < 1 минута

201. Сезона

Во сезона е баш исто
како вон сезона за род.

202. Ал

Те премалил некој голем ал
што да немаш своја слобода.

203. Куќен праг

Стоиш долго пред свој куќен праг
и се прашаш што ќе биде без тебе.

204. Говорлив

Се нашол говорлив во тишина
во која нема кој да го слуша.

205. Туѓин

Навалил туѓин на нечие
дамна пеплосано огниште.

206. Елмаз

Елмаз краси рака
на старица, ковчеста.  

207. Собуден

Со него може некако
оти е знаен ко собуден.

208. Жед

Нигде околу него
капка бистра вода.

209. Фикција

Гола жена загледана
во црвено зајдисонце.

210. Јадлив

Јадлив е, а не можам
јас да му помогнам. 

БИДУВА, поезија/двостишија