Бидува, 191-200

Бидува

191. Гнилеж

Растура ветриште
смрдеа на гнилеж.

192. Дно

Паѓаш на свое дно
сам и со тебе исти.

193. Пеат

Луѓе со птици пеат
за изгревни разделби.

194. По нас

Ништо по нас, во нас
и за нас не останува.

195. Можеби

Ќе те сретнам ли негде
на мојот пат во беспаќе.

196. Вистини

Колку ли наши голи вистини
сокривме во безмерни тишини.

197. Безбрежни

Одамна безбрежни никако
не вкрстуваат свои патишта.

198. Најдобро

На раздел од многу времиња
јас што бев некогаш, самовило.

199. Тежест на спомени

Врзоп клучеви за клучалки
низ кои ѕиркаат осаменици.

200. Улица

Една улица во град кој
се извишил над облаци.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.