Бидува, 181-190

Бидува

181. Полноќ

Ноќ меѓу денови за почин
што трае миг неизвесен.

182. Трага

По замин на една љубов
длабока трага што дише.

183. Жив

Од одамна мртов предок
громок глас што се слуша.

184. Брегови

Два брега како еден
на пресушена река.

185. Во природа

Ми вели една природа
дека се радува со мене.

186. Плодење

Се плоди плод плоден
пред тргање на долг пат.

187. Без нас

Јас некогаш со тебе,
ти секогаш без мене.

188. Планина

Му дозволува планина на пат
да ја пробие за да продолжи.

189. Жалба

Снеможен старец стои
пред далечен хоризонт.

190. Гори

Со денови и ноќи гори оган
распален од болка до небо.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.