Убави луѓе

Потребно време за читање: < 1 минута

Навалија мигум убави луѓе
од сите страни блиски
и од многу светови далечни,
како да ги собрале во себе
сите убавини на животот.

Нивната убавина зборуваше
за нив, за сите премрежиња
и сите грубости надминати
не оставајќи ни
најмала трага во спокојот.

Па мигум исчезнаа
незнајно каде за сите
кои упорно продолжуваат
да одат без свои времиња
кон предел во кој можеби
одново ќе заживеат
во рамновесие
со своја природа.   

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 33