И одблизу и оддалеку
се гледа меѓу два брега
дамна секната река
нејзино корито што личи
на безживотна сенка
со песочно и каменито дно.
Он е сам нема со кого
да го сподели своето
последно живеалиште
што го издлаби
во многу години самост
во стена на левиот брег
каменит и светол
спроти десниот мрачен.
Го издлаби со голи раце
надевајќи се дека во него
ќе преживее последно
невреме
кое според сите знаци
и предзнаци ќе почне
многу скоро
можеби веќе утре.
Ако не го одржи во живот
секнатата река
нека заживее без него
во некое друго
нему непознато корито
со животна сенка
со песочно и каменито дно.
ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Замислувања, поетска студија, 77