Бидува, 171-180

Бидува

171. Заробен

Меѓу кругови
без свој круг.

172. Насамо

Јас и ти пак насамо
зашто уште нè има.

173. Знаен

Еден во четири ѕида
ист се буди и заспива.

174. Добро

Добро е за добро
секогаш во добро.

175. Марионети

Марионети играат
и пред и зад кулиси.

176. Цел

Маска без свое лице
ќе се падне сама скоро.

177. Опитен

Корен со самосвест
за својата длабочина.

178. Далечини

Толку многу далечини
пред нас несовладливи.

179. Насочување

Мораме кон наш род
да откриеме наш знак.

180. Одбир

Конечно врвица
за нашите чекори.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.