Бидува, 151-160

Бидува

151. Дека е

Нека биде како било
зашто е кога не било.

152. Поттици

Во години неброени
поттици во сè и за сè.

153. Синевина

Наслика синевина
на миговна виделина.  

154. Во игра

Деца играат некоја своја игра,
а стари во нивна како нивна.

155. Заштитен предел

Никој ненадеен и зломислен
не смее да навлезе во пределов.

156. Скала

По скала до небо
човек се искачува.

157. Некој живот

Меѓу два врва
тече брза река.

158. Од никаде

Сјај во очи
насолзени.

159. Тој сведочи

Еден ѕид обраснат со трње
зборува за одбрана до смрт.

160. Свршено време

Било дека било некогаш
во заборав и исчезнување.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.