Најопасен непријател на современиот свет и неугаслив оган во човекот нечовек: фанатизам. Еднакво индивидуален и колективен. Секој фанатизам? Не! Оној што е насочен против друг со омраза до смрт и со уништување до смрт. Оној што му ја брише човечката самосвесност на оној со кого ќе се манипулира и насочува за остварување мрачни цели.
Никако да не се поистоветува или меша со индивидуалниот и колективниот творечки фанатизам. Кој најчесто се препознава во работа или создавање дела до физичка и ментална исцрпеност или во саможртва за добро, за убаво, за живородност и животворност, за напредок на човечката цивилизација. Чиј синоним е посветеност.
Како против фанатизмот, како прв и најжесток непријател на опстанокот на светот? Особено против религиозниот фанатизам?
Секако, а најпрвин и најмногу со култура на толеранција, меѓусебно почитување, човечност, обраование, наука, дејствување врз свеста, со темелните вредности на слободата…Или најжестока војна.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 186