Цвеќе

Потребно време за читање: < 1 минута

Нема кој не сака цвеќе. Го сака дури и оној што ретко го има при себе, во себе, крај себе, в раце, во гради, во срце. Затоа што е живот и им дава живот на природата и човекот. Затоа што е тоа најдлабоката и најинтимна врска меѓу човекот и природата.

Човекот или го разбира говорот на цвеќињата, па се разбира со нив, па разговара со нив, или им дава свое значење во зависност од расположбата, каракатерот, состојбата во која се наоѓа. Симболичен говор? Да, ама и мошне конкретен.

Најголема е блискоста на цвеќето со љубовта. Неретко е самото тоа љубов, но најчесто е нејзино богатење на нејзината големина, широчина и длабочина.

Од корен дрво па цвет, од корен цвет, од цвет плод. Исто како од раѓање растеж па живот, од раѓање живот, од живот смрт. Потоа нов цвет, потоа нов живот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 183