Бидува, 66-70

Бидува

66. Дома

Конечно дома
и оган во огниште.

67. Столетно дрво

Оставам столетно дрво
само да се ничкоса наземи.

68. Јака зима

Камен се распукнал
наполу од студенина.

69. Одбрана

Со огнени стрели и крици
за суша да не завладее.

70. Природа

Сè со ред и во ред дека
не е од човек допрена.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.