Строгости на форми, 31-40

Потребно време за читање: < 1 минута

31. Скалило

Следно скалило
за јас да се искачам
на врв планина.

32. Порта

Се отвора
висока порта
за тебе сам.

33. Загатка

Чиј облак плови
на небо црно во жал
за љубов и страст.

34. Провалија

Тргај се сега
ти од провалијава
што е без луѓе.

35. Ден

Ден до овој ден,
што мора да е
за незаборав.

36. Без мене

Долго без мене
ти си во мене
само за мене.

37. Има

Близу сум до сон
во кој имаме
единствен наш свет.  

38. Сомнежни

Вие сомнежни,
доста во игра
грижна слободна.

39. Борба

Борбава со смрт
трае предолго,
непредвидливо.

40. Последна

Стара тврдина
на виделина крајна
како одбрана.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови