Важност

Препев на пев и повев

Важен си и важиш
за најважен
чија важност важи
дури важи.

Ако важиш
ко најважен меѓу
сите важни
важи додека ќе важиш.
И оти важиш
како најважен
уште се важничиш.

Важен си та преважен
и одважен
па нека првоважен.

Без важност дека важиш
не важиш си неважен. Важност во неважност
е неважност
пред важна важноста.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 47

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.