Јавач

Камено небо

Јавач јавнал јавач
кој јавал јаваш-јаваш
јава јавана.

Јавнал јавач
јавнат од сон до јава
да јави дека јавачи
јаваат од дамнина
јавана.

Јавил јавач
дека јавачи
јаваат јава. Јавач и јава
кои не одјавале.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 45

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.