43. Било

Камено небо

Што било ко да било
дека било кога било
зашто не било како
да било кога било.

Не било дури било
за откога ќе биде
со било што не било.

И било и не било
дека било во не било
сосе било ко да било
а не било може било

Било игра
за песна сосе песна.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 43

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.