Буден сон

Камено небо

Рано буден сон
се сонил како сони
нешто налик
на некој без сон
многу ноќи
со денови.

Рано буден сон
памети сон сонет
како дамна
како пред малку
во сон на буден
што не сони.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 41

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.